Проект ТРАНСАКТ
Трансформирање на глобалните општествени предизвици во реални локални активности поддржан од Австриското Сојузно Министерство за труд, социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи.




Цел на проектот
Подобрување на пристапот до медицинска нега за оние кои се погодени од сиромаштија
Обезбедување здравствени, социјални и економски ресурси
за одржување на емоционалната и физичката благосостојба на луѓето во сиромаштија на начин кој ги промовира нивните аспирации и ги задоволува нивните потреби во нивните средини.
Обезбедување пристап до здравствени и социјални услуги
за луѓето во сиромаштија преку воведување иновативни програми и зајакнување на соработката помеѓу националните и локалните власти, граѓанските организации и бизнисите.
До сега обезбедивме
поддршка за
поединци и семејства
Во рамките на проектот овозможуваме
- Професионални здравствени услуги
- Социјални пакети и медикаменти за поединци и семејства кои живеат во сиромаштија,
Социјални
пакети за
Солидарност за мобилност, здравје и надеж
Проектот е предводен од три организации од Република Австрија во партнерство со Центарот за развој и едукација Прилеп како лиценциран давател на социјана услуга на територијата на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.
Стручна помош
Професионален тим од 10 медицински сестри и физиотерапевти, како и 5 социјални работници и психолози кои обезбедувааат индивидуализирана нега прилагодена на специфичните потреби на корисниците.
Донации
Дигитален простор за донации за поддршка на поединци и семејства во сиромаштија, како и поддршка при интервентни здравствени ситуации.
нашиот професионален тим
обезбедува социјална
ПОМОШ И ПОДРШКА
На лица во социјален ризик со здравствени нарушувања
На лица на кои им е потребна постоперативна нега
На семејства со членови со попреченост или ретки болести
На стари лица и лица со попреченост
Специфични проектни цели
Подобрување на здравствениот и социјалниот статус на ранливите групи
- Трансфер на знаење
- Подобрување на здравствениот и социјалниот статус на ранливите групи, особено на оние кои живеат во сиромаштија
- Имплементација на моделот на медицинска сестра во заедницата во руралните средини во Северна Македонија врз основа на искуствата во Австрија.
- Воспоставување здравствени услуги во заедницата – грижа на заедницата за одржување, заштита и подобрување на здравствената состојба на населението и заедниците, особено за лицата кои живеат во сиромаштија
- Зголемување на капацитетот и одржливоста на ГО во Северна Македонија во обезбедувањето социјални и здравствени услуги со фокус на луѓето кои живеат во сиромаштија
- Подигање на свеста кај носителите на одлуки и професионалниот кадар во министерствата и јавните институции кои делуваат в областите на социјални услуги и здравствена заштита
Сервиси
Обезбедуваме различни здраствени услуги, како што се акутна нега, палијативна нега, постоперативна нега, нега за стари лица и лица со попреченост од страна на професионален тим.
Без разлика дали се потребни редовни прегледи, брза нега за чести болести, специјализирана постоперативна нега, помош со здравствени потреби на постари лица или сочувствителна палијативна нега, нашите домашни посети обезбедуваат индивидуализирана нега прилагодена на уникатните здравствени потреби и преференции на нашите корисници.
Нашите здравствени услуги се бесплатни и опфаќаат неколку категории на домашни посети од медицинска сестра, физиотерапевт, психолог, и социјален работник.
Задоволството и благосостојбата на нашите корисници се наши главни приоритети
Нивните искуства го раскажуваат она што не можат бројките – емоциите, предизвиците и победите што ги создаваме заедно.
Искрено и благодариме на Оли за посветеноста и трпението.Задоволни сме од начинот на пристап и поддршка,ова нас многу ни значи.
Родител на дете со попреченост
Повеќе не се чувствувам сама. Благодарение на овие ангели, имам грижа, друштво и некој што ме гледа – не само како стара жена, туку како личност со срце, минато и иднина.
Немам многу, но имам луѓе на кои им е грижа. И тоа ми даде нешто за кое мислев дека сум го изгубила: достоинство и надеж.
Г. С. - корисник на услуга Медицинска сестра во заедницата
Повеќе не се чувствувам сама. Благодарение на овие ангели, имам грижа, друштво и некој што ме гледа – не само како стара жена, туку како личност со срце, минато и иднина.
Немам многу, но имам луѓе на кои им е грижа. И тоа ми даде нешто за кое мислев дека сум го изгубила: достоинство и надеж.
Г. С. - корисник на услуга Медицинска сестра во заедницата
Како да станете наш корисник?
01
Обратете се
во нашата канцеларија на ул. Борка Талески бр.89 Прилеп
02
Приложете
Медицинска документација за да може да се направи увид на потребите на потенцијалниот корисник од достапните услуги кои ги нудиме
03
Ве посетуваме
Потенцијалните корисници ќе бидат посетени од нашиот социјален работник и ќе бидат информирани за поддршката која ќе им биде достапна од нас
04
Ве поврзуваме
Со професионален кадар согласно специфичните потреби на корисникот - медицинска сестра, психолог и/или физиотерапевт и почеток на давање на услугата кај корисникот